Македонија
13. February 2019 - 18:48

ВО ЖИВО: Страотна сообраќајка на патот Скопје - Тетово, повредените патници од автобусот згрижени на скопските клиники, има и жртви

Најмалку 2 жртви и над 30 повредени лица има во страотната сообраќајна несреќа што попладнево во 17 часот се случи на автопатот Скопје - Тетово кога автобус полн со патници излета од патот кај село Ласкарци.

Повредените патници на автобусот се згрижени во  Градската болница во Скопје и на други клиники, а околу 19.30 часот за состојбата на повредените патници изјава ќе даде министерот за здравство Венко Филипче.

Неофицијално, во автобусот кој и припаѓа на компанијата „Дурмо турс“ патувале околу 50 лица. Според очевидци автобусот излетал од патот најверојатно поради пукната гума, но причините за страшната сообраќајка ќе ги утврди истрагата.