Свет
9. May 2018 - 9:15

ВО ЖИВО СПЕКТАКЛ: Грми во Москва на Денот на победата, почна воената парада - еве со што располага Русија

На 73. годишнина од капитулацијата на нацистичка Германија во Втората светска војна во Москва се одржува воена парада. Русија на денешната воена парада го прикажува новото оружје, меѓу кои роботизираниот тенк Уран -9 и новите вооружени системи тестирани на бојното поле во Сирија.

 

Од Кулата на спасот во Кремљ е означен почетокот на парадата.

На Црвениот плоштад стигна рускиот претседател Владимир Путин во друштво на некои од светските лидери..

Во одбележувањето на историската победа над фашизмот учествуваат 13.000 војници и стотици оклопни возила и стотици разни бојни возила како и одбрамбени системи и дури и дронови.