Македонија
26. February 2021 - 10:16

ВО ЖИВО: Пресуда за Сашо Мијалков и останатите обвинети во „Таргет-Тврдина“

Почна изрекувањето на пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ во Основниот кривичен суд Скопје за масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Во судница се присутни поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата, кои според обвинителниот акт, се обвинети за незаконско прислушување преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година.