Свет
12. February 2018 - 11:23

ВО ЖИВО: Хорор на местото на трагедија, пронајдени над 200 делови од тела, ќе требаат недели за да ги состават

Сите 65 патници и 6 членови на екипажот загинаа во падот на авион во Русија, а причините за несреќата се истражуваат.

Руското Министерство за вонредени ситуации соопшти дека се пронајдени 209 фрагменти од тела на местото на несреќата на Ан - 148 во близина на Москва.

Пронајдена е и втората црна кутија.

Претходно во текот на денот руската министерка за здравство Вероника Сквортсова рече дека трагањето по телата на загинатите во авионската несреќа ќе трае недела дена,

Авионот на компанијата Саратов ерлајнс Ан- 148 летал кон градот Орск, во областа Урал, во близина на руската граница со Казахстан, во Оренбуршката област, а се урна четири минути по полетувањето од московскиот аеродром.