Бизнис
20. February 2020 - 19:21

Во земјава нема кинески пратки храна

Алармот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е вклучен по појавата на корона вирусот, но директорот Зоран Атанасов вели дека простор за паника нема со оглед дека Кина веднаш воведе забрана за каков било излез од зафатените подрачја.

– Алармот е вклучен и кај нас, но нема увоз на пратки од Кина. Вирусот е опасен за луѓето, не и за животните, истакна Атанасов.

Според него, АХВ поседува специфична опрема за заштита од болести која, ако биде потребно, ќе му се стави на располагање на Министерството за здравство.