Свет
13. March 2020 - 8:19

Во Вухан само пет новозаболени од Ковид-19

Градот Вухан, извор на заразата со новиот коронавирус регсистрира втор ден по ред едноцифрен број на заболени – пријавени се само пет нови случаи, соопшти кинеската Влада.

Во останатиот дел од покраината Хубеи без градот Вухан нема нови случаи на зараза и тоа осми ден по ред.

Во цела Кина вчера беа регистрирани осум случаи, сем помалку отколку во средата. Во Шангај се пријавени два, а во Пекинг еден новозаболен.