Бизнис
6. December 2015 - 16:18

Во вторник ќе се вратат 156 милиони евра за евро-обврзницата од 2005 издадена од владата на СДСМ

Во вторник државата ќе исплати 150 милиони евра за еврообврзницата од 2005 година. Оваа еврообврзница е издадена со рок на доспевање од 10 години, а за неа се исплатени камати во висина од 69 милиони евра или каматата за неа изнесува колку половина од вкупната сума која СДСМ ја позјамил пред 10 години.

За споредба, евообврзницата која Владата ја издаде пред десетина дена во вредност од 270 милиони евра доспева за пет години, а по основ на камата за неа ќе бидат исплатени 65 милиони евра.

- На 8 декември доспева за плаќање 10-годишната еврообврзница што е издадена во 2005 година, во износ од 150 милиони евра. Низ годиниве имаме платено уште 63 милиони евра камата, значи вкупно за 10 години за таа обврзница како држава имаме платено 69 милиони евра камата, и плус 150-те милиони што ќе ги вратиме. Тоа е значителен износ на средства, но тоа се обврски кои ги направила една влада и секоја следна влада којашто се однесува одговорно и сериозно мора да ги сервисира тие обврски, да им ги врати парите на инвеститорите кои тогаш ја запишале таа еврообврзница, посочува Ставрески.

Само во текот на минатата недела Министертсвто за финансии исплати вкупно 138 милиони евра. Тоа е пари кои завршија на сметки на граѓаните, банките и фирмите, што значи се вратија во стопанството.

По основ на субвенции во понеделникот беа исплатени 8, 5 милиони евра на околу 16.000 земјоделци.

По основ на ДДВ за фирмите во средата беа исплатени над 10 милиони евра на вкупни на 1.273 фирми.

По основ на доспенаи хартии од врендост во четвртокот беа исплатени 57 милиони евра

И во петокот на сметките на пензионерите легнаа 62,5 милиони евра. 

Заедно со исплатата во вторник, за десет дена Владата ќе има извршени исплати во износ од над 290 милиони евра.

Токму ваквото редовно сервисирање на обврските ја држи Макеоднија во зоната на ниско до умерено задолжена земја. Според Евростат, земјава е четврта најмалку задолжена земја во Европа.