Македонија
11. December 2016 - 14:22

Во Врапчиште до 13 часот одѕивот 24,2 отсто

Гласањето во општина Врапчиште се одвива непречено и нема нарушувања на избирониот процес на 39-те избирачки места. До 13 часот на гласање излегле 4.121 лице или 24,2 процента, изјави претседателот на ОИК Имер Ќазими.

Право на глас имаат 24.439 лица кои избираат пратеници во ИЕ6 од девет листи кои ги понудија три политички партии и шест коалиции.

Вчера ОИК ововозможи гласање на 28 лица кои беа пријавени како болни и изнемоштени.