Во Велика Британија родени близнаци со различна боја на кожата
Новопечената мајка Шантел Бротон на популарната емисија „Добро утро, Британија“ раскажа како е да се живее со своите деца близнаци – синот Ајон и ќерка ѝ Азира, кои се родени на 30 април годинава.
Но, она што е занимливо за овие бебиња е тоа што имаат забележително различна боја на кожата. Роден со светла кожа и зелени очи, Ајон наликува на Шантел, додека Азира, која има кафени очи и потемен тен, повеќе личи на татко ѝ Ештон.
– На почетокот тоа не беше толку видливо. Тие беа прилично слични по тенот – едвај можеше да се види дека таа е малку потемна. Но, како што минуваа неделите и месеците, таа стануваше потемна и поцрна, а тој – посветол, објасни Шантел.
Ова е редок, но не и единствен случај, иако многумина од нивното опкружување, се изненадени од таа навидум „необична разлика“ меѓу близначињата.
– Сите се „шокирани“… Но, ние сме среќни. Ни се допаѓа што тие се малку поинакви и што таа личи на тато, а тој на мене, додаде гордата мајка.
Некои дури мислат дека бебињата имаат различни татковци, но д-р Амир Кан објасни како може да се родат близнаци со различна боја на кожа.
– Може да се случи два сперматозоида да оплодат две јајце-клетки. Бојата на кожата се состои од околу 20 различни гени и тоа е случаен избор – она што се наоѓа во еден сперматозоид не мора да биде исто како во друг, а тоа важи и за јајце-клетките, објасни тој.
Тоа е сосем ретко, но и според докторот, се случува во човековото општество.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година