Во Велес почна одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст
Во рамките на одбележувањето на 8 мај - Светскиот ден на Црвениот крст, како и Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, Општинската организација на Црвен крст Велес денескa организираше едукативни предавања со кои се информира населението за активностите кои ги спроведува Црвениот крст во Велес, како и превентивни прегледи.
Во рамки на оваа активност денеска на платото пред новиот театар беa поставени промотивни штандови со кои граѓаните се информираа за активностите на Општинската организација, а воедно беа спроведени и бесплатни медицински прегледи, како мерење на шеќер во крвта, мерење на притисок и лекарски совети, кои го спроведоа д-р Милчо Трајков претседател на Општинската организација и воедно на Републичкиот Црвен крст и неговите колеги д-р Атанас Ѓоргиевски и д-р Горан Богатинов.
Д-р. Атанас Ѓоргиевски појасни дека денешната акција имаше за цел превентивно одредување на нивото на шеќер во крвта кај граѓаните и пациентите и превентивно мерење на притисокот.
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада