Македонија
24. November 2020 - 15:16

Во Велес на улица пронајдена мртва 71-годишна жена

Вчера  во 04.50 минути 28 годишниот  Б.Т. од Велес пријавил дека на улица лежи почината жена,.Жената била пронајдена вкочанета како лежи  на  улица „Вера Циривири“ во месноста Потокот на левата страна од Велес.

Како што информира Верољуб Додевски,  портпаролот на СВР Велес, при вршење на увид од страна на полицијата било констатирано  дека станува збор за  71-годишната Н.Џ. од Велес.

 Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Телото било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.