Фудбал
10. July 2015 - 14:56

Во Вардар сметаат дека шансите со Апоел се 50-50

Македонскиот шампион Вардар во вторник го игра првиот натпревар од второто коло од квалификациите од Лигата шампионите. „Црвено-црните“ ќе гостуваат кај шампионот на Кипар, Апоел. Во пресрет на дуелот Вардар одржа и прес конкференција, на која тренерот Сергеј Андреев потенцираше:

- Подготовките ги почнавме пред еден месец и досега работевме четири недели. Во овие услови играчите се подготвени околу 85 отсто од тоа што треба да биде. За 100 % подготовка потребни се околу шест недели. Сепак од тоа што го планиравме и го одработивме и јас сум задоволен. Апоел е екипа која нема ист стил на игра (дома и гости), а ние ќе одиме на повлен резултат.

Помошникот на Андреев, Александар Васовски се осврна на претстојниот ривал.

- Апоел залужува почит. Сметам дека шансите за пласман во следната рунда се 50-50. Апоел е екипа која има настапи во група од Лигата на шампионите, но и тие имаат свои слабости. Добро ги следевме и сметам иако имаат три порази тие се добар тим. Знаеме дека таму не очекува полн стадион, но сепак се надеваме дека ќе го надминеме резултатот на Вардар во Лигата на шампионите од пред 10 години.

Дел од кипарскиот шампион пред пет сезони беше и сегашниот играч на Вардар, Бобан Грнчаров.

  • Апоел тогаш беше силен тим. Сакам да напоменам дека шаните се 50-50 сметам дека имаат мала предност дека играле во група од Лигата на шампионите. Но, очекувам поволен резултат, со даден гол на гости.

Натпреварот Апоел – Вардар се игра во вторник во Никозија со почеток во 19 часот. Експедицијата на Вардар за Никозија ќе тргне во недела.