Балкан
13. October 2016 - 9:42

Во Валона запленети 324 килограми марихуана

Обидите за шверц на марихуана од Албанија, најчесто во правец на италијаскиот брег, не запираат. Полицијата од албанскиот приморски град Валона заплени 324 килограми марихуана,уапси едно, а трага по уште едно лице.

Уапсен е Алдрин Рамадани, во чија штала полиција пронашла 55 килограми, додека се трага по лицетото З.Т. во чија штала открила 269 килограми марихуана.

Албанската и италијанската полиција во три одделени акции, за неполни два дена запленија над 1,2 тона марихуана произведена во Албанија.