Бизнис
23. March 2017 - 19:44

Во услови на политичка криза, мерките за вработување се добредојдени за компаниите

И во услови на политичка криза македонските компании ги користат државните мерки за вработување за да го прошират својот тим.

Велат состојбата во земјава влијае на нивнотот работење, но тоа не е пречка да ги користат  поволности кои  во вакви услови можат само да им помогнат.

Државните  мерки помогнале повторно да заживеат некои од старите занаети кои беа во изумирање.

- Со новиот оперативен план за вработување  за годинава се очкеува да се отворат нови 10 илјади работни места. Како најуспешна мерка се покажа проектот „Македонија вработува“  чии поволности ги искористиле над 10 илјади компании.

Околу 60 работодавачи денеска имаа можност да се информираат за активните  политики за вработување. На средбата работодавачите разменија искуства и дискутираа за состојбата на пазарот на трудот и кадарот кои му е потребен на  бизниси секторот.