Балкан
5. October 2016 - 22:17

Во Турција суспендирани 540 војници поради поврзаност со ФЕТО

Во Турција 540 војници се суспендирани како дел од истрагата против така наречената Фетулистичка терористичка организација (ФЕТО), јави турската телевизија „ТРТ Хабер“.

Од нив 113 се од морнарицата, а 427 од военото воздухопловство.

Анкара ја обвинува ФЕТО дека извршила обид за воен удар на 15 јули и покрена кампања против следбениците на исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД.