Македонија
24. September 2021 - 12:33

Во три штипски училишта трансмисија на коронавирусот меѓу учениците

Во три штипски училишта има локална трансмисија на коронавирусот, денеска за МИА потврди директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова. Станува збор за едно средно и две основни училишта. Според денешните податоци позитивни на коронавирусот во училишатата се 32 ученици, а над 80 се во изолација.

-Резултатаите од денешните потврдени случаи во училишата ги веќе работиме. По направената анкета ќе знаеме колку дополнително ученици ќе заминат во изолација. Што значи оваа бројка ќе се зголеми во текот на денешниот ден, вели Димитрова.

Возраста на учениците е од 10 до 18 години. И покрај тоа што има појава на локална трансмисија во вкупно три училишта во Штип, сепак оценката на епидемиолозите е дека состојбата  во училиштата е стабилна и не е загрижувачка. Раководителот на секторот за образование во Општина Штип, Билјана Казанџиска вели дека имаат три класа во изолација, а општинскиот тим секојдневно ги контролира училиштата, кои ги почитуваат мерките и постојано вршат дезинфекција.