Во третиот квартал 8 595 слободни работни места, од нив 2 550 во услужни дејности и продажба
Во третиот квартал годинава имало 8 595 слободни работни места, а најголем број, 2 550, се во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.
Како што објави Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места во третиот квартал годинава изнесува 1,69 проценти.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,32 проценти има во секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,20 проценти.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,16 проценти.
Податоците на ДЗС покажуваат дека Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,17 проценти, со 647 работни места, по што следи Североисточниот со стапка од 2, 05, односно 466 работни места. Полошкиот регион е со најниска стапка на работни места, 0,93 отсто.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден