Во Торонто промовирана монографијата „Израел и Македонија“ од Славе Катин
Во салата на македонска православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, синоќа е промовирано монографското дело „Израел и Македонија“ од Славе Катин.
Делото, за кое се рецензенти д-р Петко Златески, професор на Теолошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје и Горан Садикарио, директор на Еврејскиот центар на холокаустот во Скопје, е на 416 страници, на англиски, македонски и хебрејски јазик, а е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје.
Монографијата беше промовирана во рамките на активностите на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, кое е во состав на црквата „Свети Климент Охридски“, а во присуство на голем број македонски иселеници и гости од канадското општество, информираат организаторите на промоцијата.
Овој културен настан го отвори и за делото зборуваше потпретседателот на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, Драгица Димовска, која е и уредник и водител на Македонскиот радио час „Обединета Македонија“, а говореа и Соња Лозановска, главен и одговорен уредник на весникот „Македонија“ од Торонто и Тодор Марковски, претседател на Канадско-македонското историско друштво од Торонто.
Во своето излагање Драгица Димовска, меѓу другото, рече дека монографијата „Израел и Македонија“ е дел од патувањето на Славе Катин во Израел, исполнето со многу искушенија, сознанија и предизвици за да се запознае „Светата земја“, нејзините библиски места, градови, култури, религии, обичаи и многу карактеристики на нејзиниот современ свет.
Посебно место во книгата „Израел и Македонија“ е посветено на етничка Македонија, на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Македонско-израелските мостови на поврзување, соработка и заемното почитување кои траат од многу одамна.вг/са/07:31
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина