Во тетовско Желино татко ранил син со остар предмет
Татко со остар предмет го ранил својот син по расправија откако го нашол во друштво со друго момче во тетовско Желино. Тетовската полиција инфомира дека настанот се случил вчера после 20 часот, а повредениот е задржан на болничко лекување во Скопје.
-Таткото Ф. Р. (56) во семејна расправија со остар предмет му нанел убодна рана на синот Р. Р. (23). Според пријавеното, додека Р. Р. бил во друштво со Ф. А.(19) од село Боговиње во своето возило, наишол таткото заедно со роднината Е. Р. (31) од село Желино, по што започнала расправија па физички напад. Таткото во еден момент на расправијата го удрел синот по раката и со остар предмет му нанел убодна рана. 23-годишниот син потоа е однесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“–Скопје, информираат од СВР Тетово.
Потоа на местото увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа при СВР Тетово. Таткото и роднината биле приведени и задржани во СВР Тетово, а по целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023
-
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ