Во Тетово во 2021 година 132 дена имало загаден воздух
Месечните извештаи на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух за Тетово покажуват дека во 2021 година имало 132 денови со загаден воздух односно надминување на дозволената гранична вредност од 50 ПМ10 на метар кубен. Во една календарска година според светските здравствени стандарди не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух.
Најмногу или 28 дена имало во декември, 22 во ноември 22, 21 во февруари, 18 во јануари итн. Само септември е месец со ниту еден ден загаден воздух.
-Најзагадено е во месеци кога има најголемо влијае поради греењето со дрва. Многу е во пет месеци да има загаден воздух. Нотирани се причините и последици, се покажува дека не може да се превенира туку треба радикално решавање, сегашните мерки се недоволни. Постојано повторуваме дека гасификацијата е тоа радикално решение за Тетово. Немаме ни совест, сиромаштијата си го прави своето, се ложи со отпад и во индустријата. Акцијата со замена на печки на дрва со инвертери е племенита, се намали аерозагадувањето, но тоа тоа се покажува недоволно, изјави д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Тетово.
Докторот потсетува дека долготрајното соочување со загаден воздух носи тешки последици по здравјето.
– Оваа студија се појави во журнал за хепатологија. Тоа е нова кинеска студија која покажува дека загадениот воздух влијае да се појави замастување на црниот дроб. Замастувањето значи дека клетките ја намалуваат својата функција, а црниот дроб е една хемиска лабораторија за организамот која го пречистува телото и има други метаболни функции, објаснува тетовскиот доктор.
Поради изведување на градежни работи во близина на мерната станица на на Државниот автоматски мониторинг систем во Тетово, Давидовски препорачува таа да биде преместена на друга соодветна локација.
Во 2020 година од 366 денови 138 биле со загаден воздух во Тетово. Тетовци најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година со оглед дека од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните ПМ 10 честички.
Ново на Сител
-
Собранието ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Прва седница на Уставен без Дуковска, засега не се знае кој ќе ги превземе нејзините предмети
-
Сиљановска утре ќе го соопшти името на кандидатот за нов гувернер
-
Царина откри измами при увоз на половни возила
-
СДСМ: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ?
-
Преглед на вестите од светот
-
Лосон: Договорот за стратешко партнерство ќе ги унапреди односите во сите сфери
-
Демолирано училиште во Битола со камења вандали искршиле прозорци и смарт табла - Единствена во градот