Бизнис
19. May 2019 - 16:23

Во тек е повикот за субвенции за енергетска ефиканост, ПВЦ и алуминиски прозори и сончеви панели

Во тек е јавниот повик за субвенции за ПВЦ и алуминиумски прозорци и сончеви колектори за домаќинства. Право на аплицирање имаат сите граѓани, а за нови прозорци можат да добијат до 50 отсто од вкупната сума, но не повеќе од 25.000 денари. Оваа мерка има за цел да се подобри животната средина, но и енергетската ефикасност на станбените објекти, бидејќи ваквите прозорци ќе ја намалат потрошувачката за греење и ладење, а со тоа и трошоците на домаќинствата.

Министерот Бектеши апелираше граѓаните што е можно поскоро да аплицираат за добивање субвенции, бидејќи, според него, заинтересираноста била голема. Информираше дека нема ограничување во однос на тоа од кои компании можат да се набават прозорците.