Свет
23. September 2019 - 8:23

Во тајфун во Јужна Кореја повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени во налет на тајфун што ги погоди јужните делови на Јужна Кореја, соопштија денеска официјални лица, додавајќи дека 27.790 домаќинства останале без струја.

Тајфунот „Тапа“ претходно погоди делови од јужните острови на Јапонија, при што обилните дождови предизвикаа поплави.

Министерството за внатрешни работи на Јужна Кореја соопшти дека тајфунот е проследен со поројни врнежи од дожд и силен ветер. Сега тајфунот ослабува и се движи кон североисток.

Дваесет и шест лица се повредени, од кои едно сериозно.

Медиуми од Јужна Кореја објавија дека три лица загинале, но Министерството соопшти дека ниту еден случај не бил поврзан со налетот на тајфунот.

Поплавени се улици, оштетени се домови, а околу 250 летови се откажани на 11 аеродроми во Јужна Кореја.

Се очекува тајфунот да донесе големи врнежи од дожд во крајбрежните градови на Северна Кореја, но нема да предизвика штета.

Тајфунот претходно го погоди јужниот јапонски остров Окинава, каде 18 луѓе беа повредени.