Во својство на претседавач на ОБСЕ, Рама во посета на Украина
– Албанскиот премиер Еди Рама, во својство на претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа,ОБСЕ, денеска ја почна својата прва посета тоа на Киев, Украина.
Рама својата посета на Украина ја најави претходно, а денеска објави видео на кое се гледа како неговиот тим пеш, среде снежно време се движи во Киев. До него е и овластениот министерот за Европа и надворешни работи, Гент Цакај.
Премиерот Рама, покрај другото, во Киев ќе оствари средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со премиерот Алексиј Гончарук, со шефот на дипломатијата Пристаико и со спикерот на укранскиот парламент Разумков.
„Киев, Украина: Ден на средби со високи државни претставници во својство на вршител на должноста претседател на ОБСЕ – Во Министерството за надворешни работи, со министерот Вадим Пристаико“, напиша Рама на Фејсбук.
Рама при преземањето на претседавањето со ОБСЕ најави посета и на Русија.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење