Македонија
25. August 2020 - 10:53

Во струмичко приведен бугарски државјанин - во неговото возило пронајдени 2000 кутии цигари

Вчера околу 20.00 часот во Полициската станица Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик, бил приведен бугарскиот државјанин Г.С.К.(45), соопштуваат од МВР.

На магистралниот пат во близина на с.Сушица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед на товарно возило „волво“, кое го управувал Г.С.К., при што пронашле и одзеле 2000 кутии цигари.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.