Македонија
21. March 2017 - 8:27

Во Струмица ќе се одбележи Светскиот ден на лица со Даунов синдром

„Мрдни со прст’’ заедно со Здружението „Вера“ од Струмица и кампањата „Будење’’ денеска на пладне на градскиот плоштад во Струмица ќе го одбележат Светскиот ден на лица со Даунов синдром со заедничко дружење и дневна забава со Тони Зен, штулар и пантомимичар. 

- 21 март е ден кој не потсетува дека околку нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и запоставуваме од општествените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, интеграцијата и инклузијата. Време е да се разбудиме, да ги размрдаме прстите, но и да го разбудиме и размрдаме ова заспано општество и на нашите другари и другарки со Даунов синдром и ретки состојби да им дадеме доволно простор за да се изразат, да ги поддржиме во нивните мали подвизи и да им покажеме дека не постојат граници, дека можат да бидат сѐ што ќе посакаат, изјави Ирена Мила од „Будење’’.

Кампањата „Мрдни со прст“ има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.