Македонија
11. September 2021 - 16:35

Во Струга нема пристап за лицата со телесен инвалидитет

Движењето по улиците, пристапот до институциите, се уште останува горчлив проблем за лицата со телесен инвалидитет. Стружани се жалат дека во градот нема пристапни рампи а дополнитетелен проблем претставуваат и високите рабници на тротоарите од кои неможат да пристапат ниту до пешачките зони а уште потешко до некоја институција или продавница. Остварувањето на основните потреби за нив се уште претставува предизвик.

Од Порака Нова посочуваат дека проблем е и тоа што на некои паркинг места каде што има пристапна рампа воопшто не се остава простор од страна на граѓаните за да може да помине лице со телесен инвалидитет.

Од надлежните бараат слух за решавање на бариерите со кои секојдневно се соочуваат и да им овозможат подобри услови за живот.