Во стан во Брисел пронајдени отпечатоци од Салех Абдеслам, материјали и појас за експлозиви

Во стан во Брисел се откриени материјали, наменети за производство на експлозивни направи, траги од експлозивни материјали, три колани што може да бидат претворени во појаси со експлозиви и отпечатоци од прсти на Салех Абдеслам, лицето барано за париските напади, пренесува БТА.
Трагите и материјалите се најдени при претрес на стан, извршен на 10 декември, информира белгиското федерално обвинителство.
Овој апартман се наоѓал на третиот кат од станбена зграда во бриселската општина Шербек и бил изнајмен со фалсификуван идентитет на еден од деветмината приведени лица во Белгија во текот на белгиската истрага за нападите во Париз, посочува обвинителството.
Белгискиот федерален обвинител, Фредерик ван Лев, денеска предупреди на можноста од терористички напад во Белгија на 15 јануари, пренесе ТАСС.
- Овој датум има силно симболично значење за терористите, потсети обвинителот. Пред една година, на 15 јануари, во градот Вервие, во југоисточниот дел од земјата, полицијата изведе масивна операција што заврши со престрелка со членови на екстремистичка група. Двајца екстремисти беа убиени, а осуммина уапсени, од кои четворица испратени во затвор, а останатите беа пуштени на слобода, но истрагата и против нив продолжува. Претресите во Вервие потврдија дека членовите на оваа група подготвувале напади врз полициски комесаријати и владини згради во Белгија.
По нападите во Париз од 13 ноември стана јасно дека лидерот на групата од Вервие е Абделхамид Абауд, Мароканец со француско државјанство, кој има постојан престој во Брисел, од каде во последните години на неколку пати патувал за Сирија, за да се бори во редовите на организацијата Исламска држава. Се смета дека тој е еден од организаторите на нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица. Абауд беше убиен во операција на специјалните француски сили во Сен Дени, крај Париз, на 18 ноември.
Ново на Сител
-

Извештај: Во ЕУ секоја недела се открива претходно непозната дрога
-

Скопјанец се заканувал дека ќе го задави своето дете, кршел покуќнина и ја повредил сопругата и нејзината мајка
-

Нуркачи пронајдоа 1.700-годишен римски мост во Швајцарија
-

Владата пред одлука државата сама да го реализира проектот Чебрен и Галиште
-

Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
-

Русија планира одобрување на две вакцини против агресивен тумор на мозок
-

Човековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите низ Европа, покажа нова студија во која учествуваат истражувачи од МЕД
-

Унгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните плати
