Македонија
1. July 2019 - 11:15

Во среда и четврток прскање против комарци во Скопје

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци ќе се одвива на 3 и 4 јули, среда и четврток, во раните утрински часови.

Терестичната дезинсекција ќе почне во среда и ќе заврши најдоцна до 6 јули (сабота), од 23.00 до 04.00 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе биде спроведена првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно тоа ќе се извршува и терестичната дезинсекција.

Град Скопје апелира пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.