Во Србија задолжително носење заштитни маски на отворено
Носењето маски на отворено ќе биде задолжително на територијата на цела Србија во околности во кои не е можно да се држи дистанца од еден и пол метар, одлучи денеска Кризниот штаб.
Исто така, се препорачува да се носат заштитни маски на сите други јавни места на отворено.
Заштитни маски се задолжителни и на отворено, на места каде што не е можно да се обезбеди растојание од еден и пол метар, како што се редици пред продавниците, аптеките, автобуските и железничките постојки и слично.
Одлуките на Кризниот штаб ќе се применуваат на целата територија на цела Србија, а не, како што беше случај во последните неколку недели, само во одделни градови.
Ова важи и за носење маски во затворен простор, што досега беше задолжително во некои градови.
На територијата на цела Србија, без оглед дали е прогласена вонредна состојба во одредена општина или град, забранети се собири на јавни места на затворен и отворен простор за повеќе од десет лица.
Владата на Република Србија уште еднаш апелира до граѓаните да ги почитуваат сите преземени мерки заради сопственото здравје и здравјето на своите најблиски.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители