Во Србија се урна воен авион, пилотот загинал
Авион „Миг 21“ на српската војска се урна утрово околу 9:00 часот во атарот на селото Брасина кај Мали Зворник при извршување на редовна задача, соопшти српското Министерството за одбрана. Според неофицијални информации, едниот пилот загинал, а по другиот се трага. Повреден е жител во чиј двор се урнал авионот, јави РТС.
Повредениот локален жител е одведен во болница во Лозница и примен на Одделот за интензивна нега, каде ќе му бидат третирани изгорениците на градниот кош, главата и рацете.
Српското Министерство за одбрана соопшти дека авионот „Миг-21“ што се урна утрово бил прегледан во согласност со сите процедури, а по увидот утврдено е дека е исправен и подготвен за лет. Министерството за одбрана соопшти дека надлежните истражни органи заминале на местото на авионската несреќа и оти истрагата е во тек. Исто така, на местото на настанот е испратен е спасувачки тим, како и Итна помош, противпожарни возила и полиција.
Локалните жители велат дека авионот летал над селото утрово, а во еден момент летал многу ниско, малку над покривите на куќите.
Отпрвин се слушаше силен звук од авионот и леташе ниско, јас и сопругата излетавме од куќата, изгледаше безопасно, се боршев, се вртеше. Потоа падна, па се крена силен чад, и веднаш отидов со автомобилот…тоа се случи за многу кратко време – изјави за РТС еден од мештаните.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто