-->
-->
Во Србија потврдени 227 новозаразени со Ковид-19
-->
Во изминатово деноноќие во Србија се регистрирани 227 новозаразени од Ковид-19, а две лица починаа, јавија српските медиуми.
Претходните денови, постепено се зголемуваше бројката на новозаразени кај нашиот северен сосед. Неколку дена со ред имаа по над 90 заболени, за последните два дена бројката да се искачи над 100, а денеска се регистрирани 227.
Во последните 24 часа тестирани се 5.933 лица, а вкупно 380.808 од почетокот на епидемијата.
Во Србија, во моментот има активни 1.187 случаи, а вкупно се регистрирани 13.792.
На респиратори се 32 пациенти, а стапката на смртност изнесува 1,94 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел