Во Србија од денеска работното време на угостителските објекти и трговските центри до 18 часот
Од денеска, наредните десет дена ќе бидат на сила новите мерки на Владата на Србија, донесени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Според тоа, до 3 декември, работното време на угостителските објекти – ресторани, кафулиња, барови, клубови, како и трговски центри, театри, кина и други културни институции, како и приредувачи на специјални и класични игри на среќа, ќе биде ограничено до 18 часот.
Продавниците и другите малопродажни објекти ќе бидат отворени до 21 часот.
Аптеките, бензинските пумпи и угостителските објекти што доставуваат храна, можат да работат без ограничувања.
Сите продавници кои не се наоѓаат во трговски центри, како што се бутиците во белградската улица „Кнез Михајлова“ или фризерниците во соседството, но и многу занаетчии, ќе можат да работат, како и во претходната одлука, до 21 часот, изјави за „Блиц“ градскиот секретар за одбрана, вонредни ситуации, комуникација и координација на односите со граѓаните Дарко Главаш.
Тој исто така изјави дека по 18 часот, а најдоцна до 21 часот, ќе можат да работат банките, покрај оние лоцирани во трговските центри.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност