Во Србија од денеска достапна дигитална потврда за вакцинација и тестови на Ковид-19
Од денеска, граѓаните на Србија можат да го преземат Дигиталниот зелен сертификат, односно потврдата за вакцинација против Ковид-19 и резултатите од различни тестови на инфективната болест SARS-CoV-2, соопшти Канцеларијата на Владата на Србија за ИТ и е-управа, јави дописникот на МИА од Белград.
-Дигиталниот зелен сертификат е унифициран сертификат со кој се докажува дали сте примиле вакцина против Ковид-19 и дали имате резултати од тестирањето на заразната болест SARS-CoV-2. Таа потврда е квалификувана електронски печатирана и не може да биде фалсификувана или злоупотребена, изјави директорот на Канцеларијата, Михаило Јовановиќ.
Овој сертификат, покрај личните податоци – име, презиме, ЕМБГ, пол и број на пасош, содржи информации за тоа дали лицето е вакцинирано, бројот на примени дози, како и датумот на примање на првата и втората доза и резултати од ПЦР-тестот, антигенски и серолошки тест.
За да се добие дигитален зелен сертификат, потребно е граѓаните да бидат регистрирани на порталот за е-управа.
Со читање на QR-кодот на Дигиталниот зелен сертификат, се добиваат следните статуси – за вакцинација зелена боја ако е примена првата и втората доза на вакцина, односно првата доза на вакцината AстраЗенека, потоа за резултати од ПЦР тестот и антигенскиот тест -зелена боја доколку овие тестовите се извршени во последните 72 часа и ако се негативни, а за резултатот од серолошкиот тест зелена боја ако е направен во последните шест месеци (за невакцинирани лица), или два месеци (за вакцинирани лица) и ако IgG параметарот е позитивен.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти