Балкан
14. July 2020 - 15:37

Во Србија 344 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа, 8.659 лица се тестирани за коронавирус во Србија, 344 од нив биле позитивни, а 13 лица починале, пренесува „Телеграф“.

Сега има 170 пациенти на респиратори, а 203 лица се хоспитализирани во последните 24 часа.

Вчера Србија имаше рекорден број луѓе на респиратори – 154. Денес тој број е уште поголем.