Во сообраќајка во Велес, тешко повреден мотоциклист
Синоќа во 21.30 часот било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 42 годишниот Љ.С. од Велес и мотоцикл „гилера“ управуван од 32 годишниот Д.З.
Како што информира Верољуб Додевски, портпаролот на СВР Велес,во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.
За МИА д-р Весна Неделковска Николова информира дека повредениот е надвор од животна опасност, но се здобил со тешки повреди на глава, скршеници на коски на лице и череп и поради сериозноста на повредите синоќа веднаш по прегледите во велешката болница бил препратен на понатамошно лекување во Хирушките клиники во Скопје.
Потпаролот на СВР Велес, Додевски посочи дека бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња