Македонија
22. јуни 2017 - 13:33

Во сообраќајка кај Рамстор, тешко повреден велосипедист

Вчера во 08.29 часот во Единицата за известување и командување Скопје било пријавено дека во Ургентен центар Скопје, со тешки телесни повреди, бил донесен В.А. (34) од Скопје.

Истиот се здобил со повреди во сообраќајна незгода која се случила на булевар „Мито Хаџивасилев Јасмин“, поточно кај трговски центар „Рамстор“.

Додека В.А. управувал велосипед бил удрен од теренско возило „Ивеко“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.З. (43).