Балкан
24. August 2019 - 15:30

Во Солун ќе се отвори центар за краткорочен престој на бездомници корисници на дрога

Бездомниците кои што се корисници на дрога, во Солун ќе добијат простор во кој ќе можат да преспијат и да добијат хигиенски услуги и исхрана, jави дописничката на МИА од Атина.

Проектот е дел од програмата „Центрана Македонија 2014-2020, по иницијатива на Организацијата за борба против дрога што е под надзор на Министерството за здравство, а ќе се биде готов за неколку месеци.

Освен просторот за преспивање, во проектот е вклучено и отворен дневен центар како и мобилна единица за интервенција вон урбаната средина.

-Се стремиме да бидеме готови до декември, вели за АНА-МПА, одговорниот на надлежната служба, Јанис Еминидис.

Тој објаснува дека центарот за преспивање ќе биде со капацитет за 20 лица, а во дневниот центар корисниците на дрога ќе можат да се избањаат, да ги исперат нивните алишта и сл.

– Главно ги таргетираме догогодишните корисници на хероин кои се на плоштадите и спијат на улица, со цел да се намали штетата и да се обезбеди примарна здравствена заштита, психо-социјална поддршка, пристап до лична нега, хигиена, исхрана, исхрана, облека, социјализација за зголемување на индивидуална функционалност, повторно поврзување со државни служби , упатување кон специјални програми за третман “, објаснува Еминидис.