Во Собранието одржани пет седници, донесени повеќе закони
Во Собранието денеска беа одржани продолженија на пет собраниски седници, 29-та, 30-та, 34-та, 39-та и 41-ва, на кои беа донесени повеќе законски решенија, за кои расправата одамна беше завршена, но не се гласаше по нив поради тоа што немаше кворум.
Дел од законите кои беа изгласани, беа по скратена постапка, дел по редовна, а на одреден дел од законите им беше дадена виза за понатамошно разгледување.
Од 29-тата и 30-тата седница останаа по две точки за кои треба да расправаат матичните тела.
На 41. седница, меѓу точките се и интерпелациите за министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, поднесени од пратеници од редовите на опозицијата, но тие не дојдоа на дневен ред.
Претседателот на Собранието Талат Џафери отвори расправа по Предлог законот за образование на возрасни, во прво читање, за кој се јавија за збор тојца пратеници. Со образложение дека во салата не е присутен претставник на Владата, претседателот Џафери ја прекина 41-та седница и рече дека за нејзиното продолжение пратениците ќе бидат дополнително известени.
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата