Балкан
12. April 2020 - 11:11

Во Словенија потврдени 17 новозаразени со коронавирусот

Здравствените власти во Словенија потврдија 17 новозаразени со коронавирусот, јаво дописникот на МИА од Љубљана.

Тестирани во изминатото деноноќие се вкупно 572 лица, а како последица од Ковид-19 починаа уште тројца.

Објавено е и дека се намалува бројот на лице кои болнички се лекуваат, па така во овој момент во здравствените установи низ земјата се хоспитализирани 95 пациенти, а на одделите за интензивна нега се наоѓаат 35 тешко болни.

Жаришта на заразата остануваат домовите за стари лица, а најкритична е состојбата во домот во Љутомер, каде што им 79 лица заразени со коронавирусот. Најголем дел од нив се пензионери, а помал дел персонал и медицински лица.