Свет
28. January 2016 - 14:14

Во Словенија од почетокот на годинава влегле над 53 700 имигранти

Во Словенија денеска преку преминот „Добова“ на границата со Хрватска влегле 916 бегалци, со што вкупна бројка на пристигнати имигранти во земјата од почетокот на оваа година достигна 53.761 лица, објави денеска словенечката полиција. 

Како што јави Фена, од 16 октомври минатата година, кога низ Словенија почнаа да минуваат имигранти, па досега, во земјата се евидентирани вкупно 432.365 бегалци. 

Од почетокот на годината и воведувањето на новите правила за прием на имигрантите кои патуваат низ балканската рута, преливот на имигранти е значително намален во однос на минатата година.

Најмал дневен прилив досега е забележан минатата сабота, кога во преку „Добова“ минале само 414 имигранти. 

Во моментов во Словенија, чекајќи на полициските постапки и транзит, се наоѓаат 1.319 имигранти, сместени во привремениот бегалски центар во Добова. 

Словенечката Влада во повеќе наврати истакна дека нејзината политика за прием на имигрантите ќе зависи во прв ред од тоа како на приливот ќе реагираат Австрија и Германија, па своите мерки ќе ги прилагодува според нивните реакции.