Балкан
10. April 2020 - 14:42

Во Словенија е стабилизиран бројот на новозаразени со коронавирусот

Словенечката Влада објави дека во земјата се потврдени 36 нови случаи на лица заразени со коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, изминатите 24 часа се тестирани вкупно 1234 граѓани.

Со последните податоци се потврдува трендот на стабилизирање на бројот на новозаразени, што според стручните лица е доказ дека е спречено неконтролираното ширење на заразата.

Од болница се отпуштени уште девет лица кои оздравеле.

Од сите заразени на болничко лекување се наоѓаат 106 пациенти од кои само 36 се на одделениата за интензивна нега. Како последица на Ковид-19, во изминатото деноноќие починаа две лица.