Балкан
3. November 2020 - 13:15

Во Словенија 1.176 заразени со коронавирус, 24 починати

Во Словенија уште 1.176 лица се разболеле од коронавирус во последните 24 часа, додека 24 пациенти починале, соопшти владата.

Во истиот период биле тестирани 4.587 лица, пренесува порталот 24УР.

Во болницата има 925 лица, од кои 146 се на интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата 37.382 лица биле заразени со коронавирус во Словенија, додека 412 лица починале.