-->
-->
Во Скопје за празничниот продолжен викенд 45 сообраќајки, 21 лице се повредени
-->
Во 15 од вкупно 45 сообраќајки што се регистрирани од 3 до 7 месецов во Скопје се повредени 21 лице, а во 30 била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје за МИА информираат дека сообраќајната полиција во овој период исклучила од сообраќај вкупно 27 возачи, од кои еден го управувал возилото под дејство на алкохол, а 16 возачи немале право да управуваат моторно возило. Десет возачи управувале нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и девет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, а еден возач неправилно престигнувал.
Специјалното возило „пајак“ подигнало 72 возила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена