Македонија
17. February 2017 - 9:38

Во Скопје вчера седум сообраќајки

Во текот на вчерашниот ден на територијата на Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди од кои четири се со телесни повреди, а три поминале само со причинета материјална штета.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 65 возила.

Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 52 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на црвено светло на семафор, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и 10 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и пет пешаци кои сториле прекршоци по разни основи. Затекнати се пет непрописно паркирани возила.