-->
-->
Во Скопје вчера санкционирани 111 возачи од кои 37 за брзо возење
-->
Министерството за внатрешни работи вчера во засилена акциска контрола во областа на сообраќајот санкционира 111 возачи на територијата на Град Скопје. Од нив 37 се казнети за брзо возење, девет за возење без возачка дозвола, пет за користење мобилен телефон за време за возење, девет за непрописно престигнување и обиколување, а 34 за непрописно паркирање. Санкционирани се и четири возачи на мотоцикл.
Од МВР најавуваат дека продолжуваат засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје