Македонија
27. November 2018 - 15:41

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре поради закажаниот протест на ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје.

– Утре од 17 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот „ВМРО“, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на  Влада, се вели во соопштението.

МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.