Македонија
30. May 2020 - 15:27

Во Скопје уапсен маж кој физички ги нападнал сопругата и ќерката

Вчера во 02.40 часот во СВР Скопје, С.П.(28) од Скопје пријавила дека околу 00.00 часот во семејниот дом на ул.„Никола Тесла“ таа и нејзината мајка В.П.(61) биле физички нападнати од нејзиниот татко Љ.П.(59) од Скопје.

Љ.П. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението од МВР.