Македонија
12. April 2020 - 10:45

Во Скопје приведени двајца осомничени крадци

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден припадници на полицијата приведоа два лица под сомнеж за извршено кривично дело „тешка кражба“, соопшти денеска Министерсвото за внатрешни работи.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 16.20 часот на булевар „Филип Втори Македонски“, за време на забраната за движење, го лишиле од слобода П.Н. (41) од скопското село Кучевиште, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“.

– По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се наведува во соопштението.

Во друг случај, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир вчера во 09.30 часот, за време на на забраната за движење, ја лишиле од слобода Е.Е. (21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“.

– По документирање на случајот и против неа ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се додава во соопштението на МВР.