Македонија
26. August 2021 - 9:39

Во Скопје приведен 27-годишник баран по централна потерница

На 25.08.2021 во 19.20 час на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Единица за внатрешни работи Кисела Вода - отсек Потраги, врз основа на централна потерница, го лишиле од слобода Н.И.(27) од Македонски Брод, со место на живеење во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.