Македонија
30. August 2019 - 8:41

Во Скопје осум сообраќајки, повредени седум лица

На подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие се случиле осум сообраќајки од кои шест се со повредени лица, а во две е причинета материјална штета. Вкупно се повредени седум лица.

СВР Скопје информира дека 63 возачи се санкционирани бидејќи возеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 13 лица кои возеле пред да се стекнат со возачка дозвола, тројца возачи почетници, како и 15 нерегистрирани возила.

Санкционирани се и 20 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и шест возачи на неносење сигурносен појас.

Сообраќајната полиција презела мерки и против 13 пешаци кои поминале на црвено светло и седум пешаци кои не поминале на пешачки премин.

Во текот на изминатото деноноќие издадени се и 48 казни за непрописно паркирање, а исто толку возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.